Одржано првото првенство во удирање шлаканици – победникот е посилен и од мечка! (ВИДЕО)

Првото официјално првенство во удирање шлаканици се одржа во рускиот град Краснојарск во склоп на Спортскиот фестивал во Сибир (Русија), а на кое учествуваат храбри момчиња кои се удираа меѓусебно додека едниот од нив не се предаде или не биде дисквалификуван поради нокаут.

Според правилата, натпреварувачите не смеат да ги избегнуваат ударите, туку мораат машки да ги издржат. Победник беше Васили Камотски кој поради силината на шлаканицата има прекар – Руска мечка. Тој за триумфот доби награда од 30.000 рубљи односно околу 500 долари.