Одграа нерешено со Египет, па почнаа да слават божем го освоиле африканскиот куп (ВИДЕО)

Јужноафриканската држава, Коморски острови, е на чекор до пласман на Африканскиот куп на нации, откако денеска на домашен терен успеаја да извлечат реми (0-0) против големиот фаворит Египет.

Со бодот кој го освоија во Мицамиули, Комори е прв во групата Г во рамки на квалигикациите за пласман на Купот на нации во Африка. Претходно, Комори славеа на гости со 1-0 кај Того, иако важеа за аутсајдери, исто како и на денешниот меч против Египет.

Следното лето ќе имаат гостување кај Кенија и ќе им биде потребен бод за да го чекираат билетот на големиот континентален собир. Исто така и со пораз би завршиле работа, но во тој случај Египет не смее да го победи Того.  

По последниот судиски свиреж, навивачите почнаа да слават излегувајќи на терен.