Од корона му падна косата, па ја истетовира - целата глава

Голманот на Индепендиенте, Себастијан Соса (34) се најде во фокусот на вниманието откако се појави со комплетно истетовирана глава, со лав на тилот.

Многумина сметаа дека потегот на Соса е тотална лудорија, но зад тоа се крие и еден проблем кој му го направил коронавирусот. Овој голман летоска заболел од ковид-19, ама поради вирусот му паднала косата, па на крај решил да ја истетовира главата.

„Јас бев заразен уште во јули и еден месец потоа мојата коса комплетно падна. Остана ептен малку од косата на главата, па решив да ја избричам и потоа да ја истетовирам. Секогаш ги сакав лавовите и поради тоа сакав да истетовирам еден на задниот дел од главата“, вели Соса.

Тој појаснува дека изборот на лавот е поради тоа што во хороскоп бил лав, а истовремено „кралот на животните“ е симбол на храброст и сила.