Од голема надеж на англискиот фудбал стигна до најплатените порно глумци

Дани Маунтајн (37) во светскиот фудбал не значи ништо, ама во порно индустријата е една од најголемите и најплатени ѕвезди, кој има снимено над 600 филмови за возрасни и на контото надминал над еден милион долари, но малкумина знаат дека бил – невиден фудбалски талент.

Англиските медиуми ја открија приказната за порно глумецот кој до својата 16-та година бил дел од Академијата на Саутемптон и многу надежен фудбалер. Кога веќе понал да игра во повозрасните младински категории го свртел вниманието кон себе, па почнале гиганти како Челси, Тотнем и Вест Хем да се тепаат за него.

И се било како од сон до моментот кога на 16 години тешко се повредил. Ги скинал лигаментите на коленото, по што доживеал шок – за него фудбалската кариера била завршена. Наместо на фудбалски терен, подоцна се преселил во порно индустријата, откако го „уловил“ ловец на таленти за филмови за возрасни.

„Како завршив во порно-индустријата? Излегував со една девојка која работеше како ескорт, па ме 'улови' нејзиниот агент, кој изрази желба да снимам порно филмови. Не бев нешто воодушевен, ама преку таа девојка добив детали за аудиција во Лондон и потоа тргна приказната. Не знаев што да очекувам, но бев полн со самодоверба“, вели Дани.

Тој посочува дека успеал да „погоди“ на друг терен, наместо на фудбалскиот.

„Не сум нервозен поради камерите за време на сексот, туку кога треба да зборувам пред камера и да глумам. Тогаш ми е најтешко и најмногу сум нервозен. Жал ми е што никогаш нема да дадам гол за Англија, ама барем погодувам на друг терен. Кога и кажав на мајка ми што почнав да работам остана шокирана, но потоа сето тоа го прифати“, додаде Дани.