Објавена интимна снимка на Хамилтон и Шерцингер (ВИДЕО)

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон и Никол Шерцингер ја завршија осумгодишната врска во 2015 година, но дури сега се појави нивна интимна снимка на Јутјуб.

„Дејли Мејл“ пишува дека хакерите објавиле видео на кое се гледа како Хамилтон ја бакнува Шерцингер. Нивното видео е снимено со мобилен телефон, а пејачката вели дека никогаш не требало тоа да се појави во јавност.

„Никол е повредена откако дозна дека видеото се појавило во јавност“, кажа извор близок до неа.

Од друга страна, Хамилтон е во врска со Русинката Анастасија Квитко.