Обамејанг одбил да патува со Габон поради бизарна причина (ФОТО)

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг не патуваше со репрезентацијата на Габон на натпреварот од четвртото коло во квалификациите за Африканскиот Куп на нации против Јужен Судан.

Обамејанг, наводно, одбил да полета со својот тим  затоа што не бил задоволен од состојбата во која се наоѓал авионот.

Ѕвездата на „топчиите“ проценила дека авионот не ги задоволнува стандардите на врвните спортисти, а неговата одлука го налутило раководството на Фудбалската федерација на Габон.