Обамејанг доаѓа на тренинг со „Ламборгини“: Еднаш се живее, ве молам оставете ме на мира

Пјер-Емерик Обамејанг со „Ламборгини“ доаѓаше на последните тренинзи во Борусија Дортмунд и тоа на некои лица во клубот навистина им пречеше.

Обамејанг моментно е меѓу најбогатите напаѓачи, а со трансферот во Арсенал ќе добие можност за нови предизвици, нови докажувања и дополнително ќе се збогати.

Габонецот води голема грижа за својот приватен живот, доста троши, вози скапоцени автомобили и носи облека каква што реткои кои можат да си ја дозволат. Африканската ѕвезда не штеди воопшто, а многумина го критикуваа таквиот негов живот, иако и тој самиот тврди дека никогаш нема да се промени.

Едноставно сака да биде во центарот на вниманието, а неговото такво однесување не го толерираа секогаш во Дортмунд и често беше супендиран.

„Облека и автомобил, сето тоа е бонус. Уживам во животот. Ми се допаѓа кој сум и не ми е значајно многу дали тоа другите ќе го прифатат. Зависам самиот од себеси. И како велат, живееме сите само еднаш. Важно е да се знае од каде сте и од каде ви потекнуваат корените, сѐ останато е премија“,  изјави Ауба, за кого Арсенал плати 54 милиони фунти, а тој заплака по заминувњаето од Дортмунд, каде помина доста години.

Во Дортмунд постигна 141 гол на 213 натпревари, а со 180 илјади фунти неделна плата, сепак може да живее раскошно и безгрижно.