Нурмагомедов е мадридиста до коска: За да се слика, натера навивач на Барса да вика – напред Мадрид (ВИДЕО)

Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов, УФЦ-ѕвездата е очигледно еден од најголемите навивачи на шпански Реал Мадрид и тоа го покажа во близина на својот тренинг-центар. Деца посакаа да се сликаат со него, ама едно од нив навива за Барселона.

И тука излезе проблем. Нурмагомедов не сакаше да застане да се слика, додека „малото Каталонче“ не каже – напред Мадрид (Хала Мадрид). На почеток, малиот фан на Меси одбиваше, ама потоа го кажа тоа што Нурмагомедов го бараше, па рускиот борец застана да се слика.

На видеото, сега аплаузи собра УФЦ-ѕвездата од сите навивачи на Реал, а уште повеќе ги разбесни сите приврзаници на каталонската гордост.