Новинар го збуни Мурињо со чудно прашање на прес-конференција (ВИДЕО)

Тотнем пред неколку дена доби нов спознор, а станува збор за компанијата „Дулукс“, која се занимава со производство и продажба на боја.

Лондонскиот тим беше исмејуван на социјалните мрежи поради овој спонзорски договор, а сега еден новинар го збуни тренерот Жозе Мурињо со прашање за спонзорот.

Новинарот го праша Мурињо дали сака кучиња, а потоа го праша што мисли за новиот спонзор, но на Португалецот не му беше јасно за што станува збор.