Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо денеска се појави со нов имиџ, кој тешко е сфатлив. Иако е кратко потстрижан, португалскиот ас на Јувентус се појави со венче на главата, а овој стајлинг не го разбра баш светската јавност.

Вакви венчиња своевремено носеа најголем дел од италијанските репрезентативци кои имаа долги коси, вакво нешто на глава има и Серхио Рамос, ама има подолга коса. Роналдо ем кратко потстрижан, ем со венчево... Од корист единствено му е ако му ги држи шишките. За друго тешко објасниво.