Нова катастрофална фризура: Фелаини го „глуми“ – Мики Маус (ФОТО)

Кога ќе помислите дека сте виделе сѐ во фудбалскиот свет, тогаш ќе се појави фотографија со Маруан Фелаини и неговата нова фризура.

Фудбалерот на Манчестер направи вистински хаос на социјалните мрежи, откако се сликаше за едно фото-студио, а неговите фотографии со неверојатна брзина се најдоа на „удар“ кај навивачите кои се шегуваат на негова сметка.


 

Играчите на „ѓаволите“ се познати по лошите фризури, особено Пол Погба, кој често добива критики од страна на фановите за својот стил.