Нов скандал го тресе тенисот: Партнерот на Федерер е обвинет за силување на девојка!

Поранешниот партнер во двојки на Роже Федерер, Ив Алегро, кој воедно е близок пријател на швајцарскиот тернисер, е обвинет за силување!

Алегро (41) е обвинет за силување на девојка во 2014 година во Естонија од неименуван австриски тенисер. Тој тогаш беше вработен како тренер во Тениската федерација на Швајцарија.

Во обвинението се тврди дека Алегро бил во алкохолозирана состојба поради што две девојки морале да избегаат од него и да го напуштат клубот во кој биле.

Девојката која го пријавила силувањето, го обвини Алегро дека тој „не бил џентлмен“, а подоцна изјави „дека била принудена да има секс со него“. Девојката завршила со тешки повреди на телото, отоци и гребнатини. Медицинскиот извештај делумно ги потврди наводите.

Одбраната ги негира обвиненијата и мирно го чека судењето кое е закажано за на 9 декември.

Бараме ослободување од сите обвиненија. Ив Алегро ја негира одговорноста и го чека судењето спокојно.

И покрај наводите, Алегро сеуште не е отпуштен од Швајцарската тениска федерација.

Федерер и Алегро освоија титули во двојки во Виена во 2003 година и во Хале во 2005 година.