Нов навивачки циркус: Фановите на Ленс желни за крв го окупираа теренот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ленс минимално го совладаа шампионот Лил во денешната прва средба од 6. коло од француската Лига 1, која најмногу ќе биде запаметено по навивачкото дивеење на полувемето.

Во паузата, стотина навивачи на домашниот тим го окупираа теренот и разулавени и со крв во очите тргнаа кон фановите на противничката екипа на спротивната страна од стадионот. Полицијата веднаш реагираше и некако успеа да ги смири пред тие да дојдат до далеку помалубројните ривали, што можеше да донесе до трагични последици.

Ова е втор навивачки циркус во Франција оваа сезона, откако пред неколку недели дербито помеѓу Ница и Марсеј беше прекинато, откако домашните фанови влегоа во теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери.