Ништо не освоија, а на Чаир славеа како да се светски прваци! (ВИДЕО)

Чаир дефинитивно ја има најдобрата атмосфера годинава во Првата македонска фудблска лига, навивачите на Шкупи прават вистинска аргентинска атмосфера иако маана им е насилието кон недолжните или кон тие што не размислуваат како нив.

Но, и денеска докажаа како се полни стадионот, дека заслужуваат и проширување на постоечкиот капацитет. Но, со славјето претераа - Шкупи заврши на 4. место на табелата и за да игра во Европа ќе треба да чека победа на Шкендија во Купот. Тетовци се огромни фаворити во дуелот со Пелистер, но никогаш не се знае. Затоа, ако славјето на Чаир ова попладне беше поради победата на младинците на Вардар, тогаш е оправдано, но ако беше за пласман во Европа - малку е подрането...