Никако да си го среди животот: Адријано повторно мортус пијан! (ВИДЕО)

Некои фудбалери никако не можат да ги остават пороците кои ги имаа и во текот на кариерата, а најдобар доказ за тоа е едно видео на кое јасно се гледа како Адријано, поранешниот бразилски репрезентативец, е мортус пијан.

Колку и да се обидува, легендарниот Бразилец никогаш не успеа да си го среди животот, дури и за време на пандемијата на коронавирус.

Популарниот император присуствуваше на една улична забава, на која се „уништи“ од алкохол, како што е прикажано на видеото направено во неделата наутро.

Адријано едвај можеше да стои на нозе, па затоа беше придржуван од својот пријател.