Ни срам ни перде: Лалана се „олесни“ на сред тренинг на Ливерпул (ВИДЕО)

Адам Лалана на вчерашниот тренинг на Ливерпул направи бизарен потег, што ја згрози јавноста. 

Фудбалерот кој изминатиот викенд го постигна израмнувачкиот гол на гостувањето кај Манчестер јунајтед, повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат не по добро. Англичанецот сред тренинг реши да оди по мала нужда и тоа додека беа пристутно новинарите, камерманите и фотографите. Се „олесни“ буквално пред сите, без срам и перде.