Ги пцујат дека се муслимани, им фрлаат свински глави, но и покрај предрасудите – газат сѐ пред себе!

Инспиративна приказна доаѓа од Хрватска, каде што екипата на Нур избори пласман во Првата лига на Загреб (натпреварување од петти ранг) и покрај тоа што фудбалерите на овој тим постојано се мета на навреди поради фактот што во тимот има и муслимани и што теренот им се наоѓа непосредно до една од џамиите во хрватската престолнина.

Без разлика на овие проблеми, Нур успеале да дојдат до првото место во втората лига на Загреб и да изборат промоција, иако на средбите се соочувале со пцовки на национална основа, па дури и им биле фрлани свински глави на теренот. Сето ова се случува иако во тимот има повеќе играчи од другите вери од тие што се од муслиманска вероисповед. Еден од нив дури го има и истетовирано Исус на ногата, но тоа не било доволно да се тргнат предрасудите.

„Со многу проблеми се соочуваме. Играч на еден од нашите ривали, пцуеше наш навивач кој дојде да гледа натпревар заедно со жената и детето. Неговиот брат игра за ветераните и нашиот навивач наседна на ова, влета во теренот и започна тепачка. Интересно, тој што го почна инцедентот играчот на другиот тим, доби два жолти картони во првото полувреме, а судијата му дозволи да го продолжи натпреварот. Не му даде црвен картон“, вели Харис Смајиќ, менаџерот и генерален секретар на клубот.

Поопширно за приказната за овој фудбалски клуб можете да прочитате на следниот линк.