Невидено: Како гости загубија во Купот, па дома мораа да се вратат – пешки!

Неверојатна приказна доаѓа од Португалија, а се случи по мечот од Купот на оваа земја во кој фудбалерите на Луситаниа Лурос беа поразени на гостувањето кај Сао Жоао де Вери (1-0).

Претседателот на клубот, разочаран поради поразот на екипата, му наредил на возачот празен да го врати автобусот дома. Сметал дека најголем дел од играчите не заслужуваат да се вратат со него, поради што целиот тим бил приморан да се врати – пешки. Тие пешачеле пет километри, кои ги минале за еден час.

Ова е можеби прва ваква казна во светот на фудбалот, а не е познато дали тоа е единствената санкција за фудбалерите на Луситаниа за поразот во оваа пресметка.