Невидена лудост: Кајакар се пушти по водопад од 40 метри и преживеа (ВИДЕО)

Американскиот кајакар Дејн Џексон познат е како адреналински зависник, кој често има „опасни предизвици“, ама последниот што го направи, човек не знае дали е храброст или лудост.

Реши да се пушти по опасен водопад висок 40 метри и преживеа, „слета“ нормално.

„Изгледа како да паѓате од ивица на земјата. Пад од водопад е доста ризичен, ама успеав“, се пофали Џексон.

Предизвикот го оствари на водопад во Чиле, познат под името „Салто дел Мауле“, а пет години сонувал да направи вакво нешто.

„Кога не се плашите, значи дека прифаќате ризик, а јас на опасноста ѝ гледа во очи. Ако се решите, треба да бидете подготвени на сè, без оглед дали работите ќе тргнат на добро или на лошо. Јас се решив на ризик за да видам како изгледа скокот. Инаку, многу работи може да тргнат наопаку, само што јас се подготвував по низа други водопади и имав доволно самодоверба за да го направам ова, а имам и вештина која ми помага во ризични ситуации“, додава Џексон.

Инаку тој е син на познатиот американски олимписки кајакар Ерик Џонсон.