Најдобриот аргентински фудбалер и ѕвезда на Барселона, Лионел Меси пред неколку дена се поднови на необичен начин – си купи приватен авион за 15 милиони евра. И тоа не е ништо чудно, кога станува збор за суперѕвезди, кои годишно заработуваат по 50-60 милиони евра.

Сооглед дека Меси во Барселона има 30 милиони евра годишно, тој дал половина од таа плата за да си купи авион. И не било каков, туку суперлуксузен. Вакво нешто досега немало, кога станува збор за „мали“ лирџети.

Авионот на Меси собира 16 луѓе, има кујна, две купатила, а фотелјите се трансформираат во кревети, па може да се направат две спални соби. Вкупно да спијат осум луѓе. А во Авионот, скалите за влез се „брендирани“ со имињата на најзначајните луѓе во животот на Меси – спругата Антонела и трите сина Тијаго, Матео и Чиро.