Неверојатно: Навивач на Барнли трча на секое гостување на омилениот тим (ВИДЕО)

Навивачот на Барнли, Скот Канфли има интересно хоби, па на секое гостување на својот омилен тим тој трча до стадионот на нивниот противник.

Скот досега има претрчано многу км, а неговото најдолго патување било 445 км од Барнли до Брајтон.

Во својот живот има работено две децении во хуманитарни организации во Азија, а притоа имал проблеми и со депресија. Но, потоа почнал да трча на гостинските натпревари за да собира пари.

На видеото Скот го опишува неговото патешествие од Барнли до Брајтон, што е навистина огромен потфат.