Некој си игра мајтап со Инсиње: Му го пуштија највисокото дете пред почеток на мечот (ВИДЕО)

Лоренцо Инсиње се соочи повторно се невообичаена ситуација пред почетокот на мечот против Барселона во Лигата на шампиони, откако го пуштија да излезе на теренот со највисокото дете.

Инсиње е низок фудбалер и има само 1,63м, но повторно на теренот излезе со едно од највисоките деца, па навивачите на социјалните мрежи се пошегуваа и порачаа дека некој намерно си игра мајтап со напаѓачот на Наполи.