Нејмар стана „НејВар“ поради срамниот обид да изнуди пенал! (ВИДЕО)

Бразил едвај ја совлада Костарика, Нејмар во свој стил почна да паѓа, се расправаше, изнуди пенал, но ВАР технологијата го спречи да го измами судијата Куперс. 

По натпреварот, сите беа огорчени поради однесувањето на најдобриот бразилски играч, а фотографијата на која плаче го обиколо светот.

Многумина оценуваат дека ги поминал сите граници на фер-плејот, доби и картон кога ја фрли топката, се расправаше со противниците и судијата, а ова се некои од шегите кои се појавија на интернет на негова сметка по натпреварот.