Нејмар признал: Имавме секс, а Наџила бараше да ја удрам (ВИДЕО)

Голема прашина се крена откако манекенката Наџила Тринидаде го обвини фудбалерот на ПСЖ, Нејмар за силување.

Бразилската ѕвезда мораше да замине во полиција да даде изјава, а во медиумите се појавија снимки од хотелската соба во која биле Нејмар и Наџила.

„Ме тепаше и го фотографираше мојот задник, најверојатно за да се пофали на својот пријател. Следниот ден и јас го удрив него, а тој потоа ме силуваше. Беше пијан и дрогиран“, кажа претходно Наџила.

Нејмар се појави на сослушувањето и призна дека е вистина дека ја удрил манекенката.

„Имавме секс и тоа го сакавме двајцата. Таа бараше неколку пати да ја удрам“, кажал Нејмар за „ТВ Глобо“.

Во меѓувреме тужба доби и Наџила поради лажно обвинување, зашто за бразилската полиција кажа дека е корумпирана.