Нејмар на патерици дојде во полиција за да даде исказ за аферата силување

Бразилската суперѕвезда Нејмар, фудбалерот на Пари Сен Жермен синоќа по македонско време на штаки дошол во полициската станица во Сао Паоло за да даде исказ после обвинувањата за силување од девојката Наџила Триндаде.

Во црн костум и со патерици Нејмар се појавил пред инспекторката Јулијана Бусакос, која ја води истрагата за наводното силување во еден париски хотел. Нејмар го дочекале стотици навивачи кои со овации му дале поддршка да истрае во случајот.

Бразилецот демантираше дека ја силувал Наџила, која веќе разговарала со полицијата. Нејмар во полициската станица дојде со своите адвокати, а освен овој проблем има уште еден во Рио де Жанеиро, каде полицијата го истражува објавувањето на слики од Наџила без нејзина дозвола на социјалните мрежи.

Инаку манекенката која од Сао Паоло во Париз дошла на покана на Нејмар објави во интервју сочни детали околу силувањето, потенцирајќи дека сега сака да го види Нејмар како пати. Инаку Наџила има четврти адвокат, откако претходните тројца се откажале да ја застапуваат.