Не може полудо: Квадрадо го украде спрејот од судијата за да ги „нападне“ Роналдо и Алегри (ФОТО)

Колумбиската ѕвезда на Јувентус, Хуан Квадрадо направи вчера вистински циркус за време на шампионската прослава на осмото скудето во низа на „старата дама“, откако италијанскиот великан со 2-1 ја победи Фиорентина и официјално освои нова шампионска титула.

Квадрадо го украде спрејот од судијата, со кој арбитарот ги обележува прекините, па потоа им се нафрли на Кристијано Роналдо и Масимилијано Алегри за да им направи нови фризури со спрејот.