Легендарниот НБА кошаркар Скоти Пипен , кој заедно со Мајкл Џордан беше главна ѕвезда на Чикаго булс и освои шест титули во НБА-лигата, сега се разведе од својата десет години помлада сопруга Ларса.

Скоти со Ларса беше во брак дури 21 година, а имаат и четири деца, но тие решиле да ја прекинат брачната врска, откако атрактивната сопруга на Пипен имала афера со 20-годишен маж.

Не е познато дали Ларса ќе земе дел од богатството на Пипен, кое во моментов изнесува 50 милиони долари.