Љубовта кон фудбалот во Чешка, на навивачите не може никој да им ја одземе, па макар имало и забрана за присуство на гледачи поради пандемијата со коронавирус.

Забраната за гледачи стои на сила, но навивачите знаат да се организираат, па фудбал гледаат на џиновски-видео бим седнати во автомобил, како да се на „отворено кино“. И кога возбудата ќе кулминира, како што посакуваат, тргнува и пиротехничко шоу. Навивање од кола, палење факли, по некој излезен за еуфорично да прослави гол.

Во ек на корона-кризата фудбалот не е ист, атмосферата на стадионите ја нема, ама надежта дека набрзо фудбалските фанатици ќе се вратат во свој препознатлив елемент не исчезнува. А, тие докажуваат дека едвај чекаат да застанат на трибините.