Навивачот на Сити е уапсен поради расистичките навреди кон Фред! (ВИДЕО)

Фудбалскиот навивач на Манчестер сити, Ентони Брук, кој синоќа го шокираше светот со расистичките крици на натпреварот против Јунајтед е уапсен од британската полиција.

Вознемирувачкото видео кое беше објавено на социјалните мрежи јасно се гледа како покажува расистички гестикулации кон фудбалерот на „Црвените ѓаволи“, Бразилецот Фред, меч во кој славеше Јунајтед со 2-1.

Имано, камерите го забележаа Бурк како ги прави гестовите кон Фред, неколку секунди пред пред бразилскиот играч од средниот ред да изведе корнер.

Блиски членови до Брук тврдат дека неговото семејство добило смртни закани поради неговиот голем испад.

Исто така на овој навивач ќе му биде забрането доживотно да се појави на „Итихад“.