Навивачка на Ц. Звезда по форуми моли за билети за ЛШ, па доби – брутален одговор (ФОТО)

Дебитантот во Лигата на шампионите, белградска Црвена Звезда пред неколку дена за три часа го распродаде својот стадион, па сега најжестоките навивачи Делии „глумат полицајци“ низ Србија и бркаат тапкароши, кои преподаваат влезници за вистинско богатство.

И додека едни се пресреќни што купиле билети, други жалат што не стигнале до вредното парче хартија. А, Ц. Звезда трие раце дека заработи 3,5 милиони евра со распродадениот стадион, па уште посочија од преголемиот интерес, да имале стадион како три „Маракани“ и тој ќе го наполнеле.

Арно, ама една навивачка на Црвена Звезда по разни форуми бара по секоја цена да купи билет. Наводно дознала дека нејзиниот дечко ќе ја запроси. И наместо да добие вистински одговор, еден брутално и порача – нека те бара против Сурдулица!?

„Дознав дека мојот дечко планира да ме запроси на мечот. Моја Звезда, Лига шампиони, човекот кој го сакам... Ех, животе...Сè уште се надевам дека ќе дојдам до влезници, се обидувам од сите страни, па ваљда ќе бидам успешна“, напишала девојката.

И бруталниот одговор следен веднаш.

„Нека те запроси против Сурдулица. Ова е најјадното барање на билети. Го имаме победникот!“.