Навивачите збунети: Порно-ѕвезда во дрес на Вест Хем снима филм – за Премиерлигата!?

Миа Калифа е една од најпопуларните американски порно ѕвезди, која има 25 години и е голем љубител на фудбалот и страствен навивач на лондонски Вест Хем. И англиската јавност ја изненадија последните објави на Миа на социјалните мрежи, зашто снимала филм за – Премиерлигата.

Калифа, која има либанско потекло ги заинтригирала навивачите на Вест Хем и сите љубители на фудбалот, каков филм снима кога веќе се појавува во дрес на „чеканите“. Уште помалку им е јасно откако Калифа напиша еден статус под една од своите слики на Инстаграм.

„Прв ден на снимањето во Лондон беше многу успешно. Не можам да дочекам да откријам на што работам“, напишала Калифа и ставила таг за најатрактивната фудбалска лига на светот, Премиерлигата.

Инаку Калифа образложила и зашто толку го сака Вест Хем.

„Од дете навивам за 'чеканите', уште откако го гледав филмот 'Грин Стрит Хулиганс'. Првиот пат кога дојдов во Лондон, веднаш отидов на стадион. Сакам пак да одам таму и да ја почувствувам атмосферата“, вели Калифа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

⚒⚒⚒ @uref.official

A post shared by Mia K. (@miakhalifa) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Next years’ our year ⚒ #ForeverBlowingBubbles #AndForeverEatingWaffles

A post shared by Mia K. (@miakhalifa) on