Турски Галатасарај стигна до 22-та титула во историјата, откако синоќа во трилер дерби со пресврт го победи Башахшехир со 2-1 и се круниса за старо-нов шампион во Суперлигата, по што навивачите на овој клуб паднаа во екстаза.

И како што е традиција, после мечот, градот на Босфород гореше од тон пиротехника која навивачите ја запалија во шампионската радост и прослава за новата круна и продолжувањето на доминацијата во турскиот шампионат.