Навивачите на Сити имаа грди пораки за УЕФА (ФОТО)

Манчестер сити го победи Вест хем на „Етихад“ со 2-0 во 26. коло од англиската Премиерлига, па така освоија нови три бода по турбулентната ндела.

УЕФА го казни Сити со две сезони суспензија од Лигата на шампиони, па навивачите решија да постават транспаренти на трибините.

Тие сметаат дека УЕФА ги казнила без причина и дека тоа не е правдена одлука кон нив. На стадионот на Сити се појавија пораки како „УЕФА Мафија“ и „УЕФА Картел“.