Навивачите на Селтик го воодушевија светот со пораката за поддршка на својот играч!

Леиг Грифит пред два дена ја шокираше Шкотска, откако објави дека се пензионира од фудбалот на 28 години, после пет сезони во дресот на Селтик, објавувајќи дека има психички проблеми и дека не може повеќе да игра фудбал.

Грифит се повлече од фудбалот, откако за Селтик даде 104 гола на 203 меча, а беше и репрезентативец на Шкотска. Според медиумите во Шкотска, Грифит има проблем со депресија, но и проблем со коцкањето.

„Само сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за поддршката, а посебно благодарам на навивачите на Селтик и на другите луѓе кои ми пружаат поддршка“, рече Грифит.

И вчера против Салцбург, навивачите со една парола го воодушевија светот, истакнувајќи ја поддршката за својот фудбалер, кој многупати ги радувал.

„Во ред е да не си во ред. Никогаш нема да биде сам Леиг“, пишуваше на паролата.