Навивачите на Рома ја „загреаа“ атмосферата на тренинг пред дербито против Лацио (ВИДЕО)

Рома утре игра против Лацио на „Олимпико“ во големото градско дерби во рамки на 21. коло од италијанската Серија А.

Се очекува трибините во Рим да бидат исполнети до последното место, а Лацио се наоѓа во одлична форма и има 11 победи по ред во Серија А, додека Рома игра добро, но има проблеми со повредени фудбалери.

Мечот меѓу Рома и Лацио се игра од 18 часот, а двата тима денеска ги одработија последните тренинзи пред утрешниот натпревар.

Навивачите на Рома направија фантастична атмосфера пред мечот и се погрижија во стил да го најават дербито против лутиот ривал.