Навивачите на Малме го навредија Ибрахимовиќ и на - босански! (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ не ни претпоставуваше каков хаос во Шведска ќе предизвика неговата одлука да инвестира во Хамарби.

Легендарниот фудбалер неодамна наполни 38 години и е пред крајот на кариерата, а потоа ќе му се посвети на Хамарби.

Неговото „предавство“ ги повреди навивачите на Малме, клубот во кој играше во минатото. Тие ја нагрдија статуата на Швеѓанецот, а денеска решија да го навредат Ибра и на босански.

„Умри цигану“, беше пораката која ја напишаа навивачите на Малме пред статуата на Ибрахимовиќ.