Навивачите на Херта го обоија Берлин со 60.000 знаменца, градските власти бесни – направиле ѓубре

Навивачите на берлинска Херта го обоиле градот со 60.000 знаменца во пресрет на денешната градска пресметка со Унион Берлин, ама ако пола град се воодушеви од потегот, градските власти збеснаа на истиот – им направиле многу ѓубре.

Надлежните најавиле дека ќе преземат мерки поради „ова лудило“, зашто не била поентата на акцијата да се обои градот, туку навивачите да мафтаат со знаменцата од своите домови.

„Сфаќаме дека луѓето сакаат да бидат креативни во време кога навивачите не може да одат на стадион, ама... Тие што направија, само повеќе ѓубре и потенцијална опасност за сообраќајот. Треба да се поведе постапка против нив“, рекол Арне Хенџ, официјално лице од градот Берлин.