Навивачите на Атлетико побараа да се отстрани почесната плоча на Куртоа (ФОТО)

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа доби голем број навреди од навивачите на Атлетико Мадрид во градското дерби во Ла Лига.

Навивачите на Атлетико Мадрид официјално побараа да се тргне почесната плоча, која беше поставена во чест на Куртоа.

„Ние повторно бараме да се тргне плочата на Куртоа поради неговата непочит кон фановите. Тие се за легендите на клубот, а ние сметаме дека овој фудбалер не ја заслужува“, порачаа навивачите.

Куртоа доби голем број критики и за време на мечот, па често беше исвиркуван кога ќе ја допреше топката.