Навивачите на Алавес со морничава порака: Фудбалот е мртов! (ВИДЕО)

Навивачите на Алавес во мечот против Леванте го покажаа своето незадоволство поради играњето на натпревари во вечерен термин.

Во натпреварот минатиот понеделник навивачите на двете екипи решија меѓу 10 и 12. минута да го свртат грбот кон теренот и да го покажат своето незадоволство.

Вечерва навивачите на Алавес направија чекор повеќе и за време на мечот изнесоа ковчег, кој симболизираше дека фудбалот во Шпанија е мртов.