Навивачи на морничав начин ѝ се заканиле на управата на италијански прволигаш (ФОТО)

Навивачите во Италија често на различен начин знаат да го покажат своето незадоволство со состојбата во клубот, а знаат и да претераат некогаш со заканите.

Последниот пример доаѓа од Болоња, која е во слаба форма, а навивачите поставија транспаренти со пораки против управата на клубот по поразот од Емполи, а сега отидоа и чекор понатаму.

Работите станаа морничави кога пред тренинг центарот биле пронајдени крстови со имињата на тројца членови од управата на клубот.

На крстовите своите имиња можеле да ги пронајдат извршниот директор Клаудио Фенучи, спортскиот директор Рикардо Бигон и скаутот Марко Ди Вајо.

Ова во Болоња е разбрано како сериозна закана, па од клубот ја известиле локалната полиција за инцидентот.