Навивачи на Интер добија голема затворска казна!

Судот во Милано денеска донесе одлука, па осуди шест навивачи на Интер на затворски казни поради тоа што учествувале во немирите и тепачка со навивачите на Наполи, во кои загина еден навивач.

Навивачите добија затворска казна од две до четири години, а еден од фановите починал откако го удрило теренско возило во текот на немирите пред стадионот на Интер.

Неколку гостински навивачи биле повредени во пресметката, во која се користеле многу предмети, како што се ножеви.

Исто така, во тек е истрагата за потврдување на идентитетот на останатите навивачи, кои учествувале во тепачката.