Навивачи на Хајденхајм го каменуваа автобусот на Вердер, едно лице итно хоспитализирано (ВИДЕО)

Навивачите на Хајденхајм не можеа да се помират со поразот од Вердер Бремен во бараж дуелот за пласман во Бундеслигата.

Екипата од Баварија во првиот меч одигра 0-0 во Бремен, но не го положија испитот во возвратниот дуел, откако одиграа 2-2, па со тоа пропуштија шанса за место во елитата за наредната сезона.

По натпреварот, фудбалерите на Вердер Бремен го прославија својот опстанок во елитниот ранг пред стадионот, што не им се допадна на домашните навивачи. Тие ги нападнаа, прво истурија пиво врз нив, а потоа го каменуваа автобусот.

Престижниот „Кикер“ пишува дека во автобусот биле фрлени многу камења и стаклени шишиња, што предизвикало распарчување на прозорците.

Од полицијата соопштија дека се приведени неколку лица, а се наведува дека едно лице било хоспитализирано со повреди на главата.