Навивачи на Ц. Звезда со палки ги тепале пионерите на Партизан

Навивачкото ривалство меѓу Партизан и Црвена Звезда нема граница, па често се случуваат инциденти и тепачки меѓу двете страни.

Српските медиуми објавија дека навивачите на Ц. Звезда влетале во четвртокот во автобусот со кој се возеле неколку пионери на Партизан и ги истепале со палки.

Инцидентот се случил околу 23 часот, и тоа по завршување на мечот од Конференциската лига меѓу Партизан и Гент.

Момчињата кои биле истепани се од генерацијата 2007, а напаѓачите биле маскирани и вооружени со палки со кои ги нападнале фудбалерите.