Навивач на Ливерпул ја дава сопругата за еден билет за дербито со Јунајтед (ФОТО)

Вечното дерби во Премиерлигата меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед се игра од 17.30 часот, а сите билети стандардно се распродадени уште неколку дена пред почетокот на средбата.

Колку многу им е важно дербито на англиските гиганти покажува и една урнебесна сцена од пред „Енфилд“, каде што еден навивач напишал дека ја дава неговата сопруга плус нуди и доплата од 100 фунти за билет за споменатиот дуел.