Навивач на Галата ги истетовира стрелците во историската победа над Фенербахче (ФОТО)

После две децении, Галатасарај успеа да победи во домот на својот лут непријател Фенербахче, откако вчера во бурното дерби славеше со 3-1, во меч со пресврт, два црвени картони... И историскиот триумф не можеше да не помине без лудории на неверојатно страсните турски навивачи.

Еден од нив, приврзаник на Галатасарај, барем засега отиде најдалеку. Ни половина ден по триумфот, веќе ги истетовира стрелците на победата која ќе се памети, зашто долго време Галатасарај чекаше на вакво нешто. И тетоважата ја направи на вратот.

Ги стави Донк, Фалкао, Онјекуру, како што постигнуваа голови во пресвртот откако Фенербахче прв поведе на мечот.