Навивач на Барди нема да мастурбира во наредните 50 години!

Еден навивач на Леванте си направи „сериозен“ проблем, откако екипата на македонскиот интернационалец Енис Барди ја победи Барселона.

Навивачот не верувал дека неговата екипа може да ја победи Барселона, па напишал на Твитер дека ако ги победата Каталонците, тој ќе престане да мастурбира.

„Ако ја победиме Барселона, јас нема да мастурбирам толку денови колку што ќе соберам лајкови“, напишал на својот Твитер профил.

Кога резултатот беше 5-1, тој почна да станува свесен што ќе му се случи во иднина, па до денеска се собрани речиси 20.000 лајкови, што значи дека навивачот нема да смее да мастурбира во следните 50 години.