Настрада тинејџер при договорена тепачка меѓу навивачи на Звезда и Партизан

Навивачите на Црвена звезда и Партизан продолжи да прават инциденти ширум Србија, а во текот на вчерашниот ден се случи една крвава тепачка во Белград.

Во вечерните часови во српската престолнина била одржана договорена тепачка помеѓу членови на двете најголеми навивачки групи, а во неа учествувале околу 30 лица.

Епилогот на овој крвав настан бил тешко повреден еден малолетник, кој во текот на ноќта бил примен на одделението за неврохирургија на Ургентниот центар, каде бил опериран, а лекарите и понатаму се борат за неговиот живот.

При тепачката биле користени палки и различни тврди предмети.