Наместо химната на Јужна Африка, пуштија познат музички хит! (ВИДЕО)

Јужна Африка победи на гостувањето против Либија со 2-1 во последното коло од квалификациите за Африканскиот Куп на нации. Меѓутоа, тоа што се случи пред мечот сигурно ќе остане запаметено.

Химната на Јужна Африка личеше на сè, само не на химна. Од време на време се пушташе химната, а потоа и музика, а повремено се слушаа и некои други звуци.