Најжестоките ултраси на Наполи останаа подзинати од атмосферата на „Маракана“ (ВИДЕО)

Ултрасите на Наполи вчера дојдоа во Белград за да им дадат поддршка на своите миленици, и од „Маракана“ си заминаа со големи импресии од пеколот што го доживеаа од приврзаниците на Црвена Звезда. Наполитанците останаа подзинати од спектаклот што „Делии“ го направија со кореографијата преку целиот стадион, па некои од нив дури и го снимаа целиот спектакл.

Како изгледаше шоуто во Белград од перспектива на навивачите на Наполи најдобро го доловува видеото кое го објави италијански навивач.