Најжесток напад кон Ибрахимовиќ: Куќата му ја ишараа со зборовите – Јуда! (ФОТО)

Омразата кон својот идол Златан Ибрахимовиќ кулминира во Стокхолм откако навивачите на Малме после „предавството“ на својот миленик ја нападнаа и куќата на шведската ѕвезда, па ја ишараа со зборови „Јуда“, откако напаѓачот реши да стане ко-сопственик на ривалскиот Хамарби.

Нападот на куќата на Ибрахимовиќ се случила рано наутро, откако претходно пред стадионот на Малме имаше обид да се запали неговата статуа. Полицијата во Стокхолм објави дека се испитуваат соседите на шведскиот фудбалер за да се дознае нешто повеќе од нападот, но не сакаа да откриваат детали.

„Ќе превземеме некои мерки, ама сега нема да ги откриеме тие“, рекол Јари Каилионине, началник на полицијата во Стокхолм.

Инаку, после обидот да се запали статуата, ултрасите на Малме напишаа погрдни зборови пред статуата.